Опис
Пилингот е дизајниран како третман за длабинско прочистување на скалпот, кој ги отстранува старите клетки и овозможува формирање на нови. Ги отстранува слоевите на сува кожа и клетки, го стимулира протокот на крв, што помага косата да расте поздраво. Здравиот скалп е клучот за здрава коса.Пилингот е наменет за проблематични состојби на скалпот како што се првут, чешање на скалпот, мрсна коса и опаѓање на косата.
Содржи активни состојки :
*Бадем во прав- Обезбедува ефикасен пилинг на скалпот. Кога се масира во кожата со нежни кружни движења, мртвите клетки се ослободуваат и се отстрануваат.
*Естери од Јојоба- Тие обезбедуваат мазност, ја навлажнуваат косата и служат како одлична заштита на косата.
*Салицилна киселина- Работи така што безбедно и ефикасно го отстранува надворешниот слој на кожата и помага да се спречат кожни состојби како што се габични инфекции и првут.
*Пироктон Оламин- Има антигабични својства, помага во борбата против првутот и го намалува опаѓањето на косата.
Начин на употреба: се нанесува на влажен скалп и нежно се масира со кружни движења околу 2-3 минути. Потоа се плакне и се продолжува со шампонирање на косата.