Опис
Лесна хидратантна маска која се препорачува за сите типови коса со проблематичен скалп , ја храни косата, ја враќа влажноста, ја прави помека и не ја отежнува. Дава сила и дава мазност и сјај на косата. Спречува виткање на коса и го олеснува чешлањето.Детокс маската прави чуда во комбинација со другите производи од линијата Scalp Detox.
Содржи активни состојки :
*Екстракт од невен- Го хидрира сувиот скалп и го намалува воспалението од дерматитис, осип и инфекции. Помага во борбата против првутот и оштетувањето на скалпот.
*Уреа- Обезбедува интензивна влажност за ублажување и смирување на чешањето и иритацијата.
Начин на употреба: Откако ќе го користите шампонот за детоксикација на скалпот Subrina Professional Care, нанесете ја маската , оставете да делува неколку минути и потоа исплакнете.